Станете член на УНАСМ
...лесно е!

Sunday, October 18, 2009

Практики во текстилната индустрија


Тренинг Фасцилитатори:

Од лево на десно: Geert Sonck, Dirk Uyttenhove, Слободан Антовски

Во рамките на долгогодишната соработка на УНИЈАТА НА НЕЗАВИСНИ И АВТОНОМНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА и Белгиските Синдикати се покрена иницијатива за реализација на тренинг семинар токму од оваа област на текстилното индустриско произвотство, и организацијата на работничкото движење во услови на Глобална Економска криза, каде Текстилната индустрија како нај изложена на ударот на овој глобален економски феномен, трпи удари во поглед на се поголема невработеност и откази. Европското и светското синдикално движење бележи негативен пад на своето членство и вложува вонредни напори на разрешување на проблемите на своите истурени членови-работници токму во овој сектор. Семинарот се одржа на 29 и 30 Септември 2009 година во еден од Охридските хотели на брегот од Охридското Езеро. Гости претставници на ACV CSC беа токму претседателот на ACV CSC Textura г-дин Dirk Uyttenhove, Geert Sonck- синдикален повереник заедно со поранешниот генерален секретар на EZA (Evangelische Zendings Alliantie или Evangelical Alliance Mission) од Германија г-дин Joachim Herudek, кој сега е во активна пензија.Како гостин на овој семинар, кој имаше свое излагање и анализа за состојбата во Р. Бугарија во однос на синдикалното организирање, беше претседателот на ПРОМЈАНА -независниот синдикат од Бугарија.

Претседателот на ПРОМЈАНА Р. Бугарија

На семинарот активно учество зедоа претставниците на BSPK (Сојуз на синдикати на Косово), кои ја изразија сопствената потреба за вакви соработки на регионално ниво, и ја објаснија состојбата со текстилниот сектор и условите во кои работат работниците и се соочуваат со проблемите. Споредбено состојбата во индустријата и во овој сектор на ниво на држава во Косово се уште е недоволно недефинирана, во однос на колективното договарање и севкупно во рамките на Социјалниот Дијалог.
Во излагањето (презентациите) на гостите од Белгија се дефинираше моделот на Социјалниот Дијалог во форма на трипартизам кој се практикува успешно во Белгија. Системот на Социјалниот Дијалог Во Германија и некои други земји по интервентното излагање на г-нот Herudek, беше кажано дека се практикува во малку поразлична форма на бипартитно договарање, на сите нивои на организација на структурата на Социјалните партнери: Влада, Синдикати и работодавци. Особен акцент се постави на темата каков би требало да изгледа Социјалниот Дијалог во наши Балкански рамки, на што беше укажано дека во овој момент на практикување на системот на Социјална држава во Р. Македонија корелацијата на односи е дака дефинирана да и речиси немаме Социјален Дијалог, или тој се одвива само на ниво на компании. Секторското и Националното ниво во голема мерка е одминато од придобивките на Социјалниот Дијалог, и тоа не е од блиско минато туку влече корени уште од периодот на катастрофалната приватизација на огромните индустриски капацитети во екот на 90-те години од минатиот век. Практикувањето на Социјалниот дијалог во Белгија (и другите западноевропски земји) датира од пред стотина години, и во овој контекст Македонија веќе бележи предност во однос на креирањето на Социјалниот Дијалог споредбено со историскиот развој на истиот во тие европски земји. Но да не потпаѓаме под налетот на наивни илузии на огромен прогрес во доменот на Социјалниот Дијалог, туку реално да се соочиме со негова што побрза имплементација и тоа на сите скалила на хиерархија во државата, бидејки Македонија (и другите земји од регионот) нема време сто години да гради Систем на Социјален Дијалог по мерка на тој во западноевропските земји.

Фотографија на сите учесници

Од забрана на ДИСКРИМИНАЦИЈАТА до промовирање на РАМНОПРАВНОСТИ


РОДОВАТА ДИСКРИМИНАЦИЈА ПОСТОИ. ВРЕМЕ Е ДА ЈА ПОДИГНЕМЕ СВЕСТА НА СИТЕ... МАЖИ И ЖЕНИ!!!
Дискриминацијата завршува тогаш кога почнува рамноправноста!!!


Дел од работната атмосфера на семинарот.

Во рамките на проектот Дискриминација на жените на работното место во земјите на Источна и Југоисточна Европа, кој се спроведува во рамките на заемната соработка на ILO (international labour organization), ITUC (International trade union confederation) и PERC (Pan european reagional council), започнат во 2008 година, со цел да постигне неколку различни цели:
Градење на капацитети базирани на концепти за родова рамноправност,
Спроведување на тренинзи за мажи и жени на влијанието на ридовата застапеност во делот на колективнот договарање,
Развој и објавување на образовни прирачници за Родовата рамноправност и спроведување на тренинг сесии за тренери врз нивна база, се одржа тридневниот субрегионален тренинг на тренери на тема Дискриминација на работното место за претставници на ITUC-PERC за CEE и NIS -женските мрежи во југоисточниот под-регион на Европа, во Подгорица (Црна Гора) од 24-26 Септември. Тренери беа Јасна А. Петровиќ-директор на проектот од Хрватска и Agnieszka Ghinararu- експерт на проектот од Романија (родум од Полска), и помошници тренери Добрила Иличиќ (од Србија) и Роса Поповиќ (од Црна Гора). Тренинг семинарот беше спроведен на Црногорски, Англиски и Албански јазик. Прирачникот чии автори се наведените Тренери беше достапен на Англиски и Хрватски јазик.
Беа присутни учесници на семинарот од Црна Гора, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Р. Македонија. Според програмата на почетокот на присутните им се обрати претставник на Сојузот на синдикати на Црна Гора, кој се извини во името на Генералниот секретар на оваа организација г-динот Веселин Вујановиќ, кој поради работни обврски на присутните им се обрати вториот работен ден.Тој го изрази своето нескриено задоволство што токму неговата земја е одбрана како домаќин на дел од програмските активности на овој проект.


Обраќањето на г-дин Веселин Вујановиќ
Генерален секретар на ССЦГ

На овој семинар како активни учесници беа поканети претставници на Унијата на независни и автономни синдикати на Република Македонија(УНАСМ) како единствени од Р.М. членки на ITUC.

Претставници на Унија на Независни и Автономни Синдикати на Македонија

proba

pro

Saturday, October 17, 2009

Проба
Проба
Proba
Проба
Проба
Проба

Proba denes

Proba
УНИЈА НА НЕЗАВИСНИ И АВТОНОМНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА

ONLINE калкулатор

АНКЕТА: Колку синдикати има во Македонија?

АНКЕТА:Дали сте член на синдикат?

Архива на статии

ONLINE посетители

Вкупно посетители

Website counter
HTML код на: Incorp-K Design Delcevo

Новости

Овој текст на ова место го поставил администраторот на овој сајт како проба на кодот на овој модул.Овој текст на ова место го поставил администраторот на овој сајт како проба на кодот на овој модул.Овој текст на ова место го поставил администраторот на овој сајт како проба на кодот на овој модул.Овој текст на ова место го поставил администраторот на овој сајт како проба на кодот на овој модул

УНАСМ информатор

Овој текст на ова место го поставил администраторот на овој сајт како проба на кодот на овој модул.
Овој текст на ова место го поставил администраторот на овој сајт како проба на кодот на овој модул.

Incorp-K Delcevo HTML кодови

Линкови

Овој JavaScripts код е креиран
од INCORP-K Delcevo