Станете член на УНАСМ
...лесно е!

Sunday, October 18, 2009

Од забрана на ДИСКРИМИНАЦИЈАТА до промовирање на РАМНОПРАВНОСТИ


РОДОВАТА ДИСКРИМИНАЦИЈА ПОСТОИ. ВРЕМЕ Е ДА ЈА ПОДИГНЕМЕ СВЕСТА НА СИТЕ... МАЖИ И ЖЕНИ!!!
Дискриминацијата завршува тогаш кога почнува рамноправноста!!!


Дел од работната атмосфера на семинарот.

Во рамките на проектот Дискриминација на жените на работното место во земјите на Источна и Југоисточна Европа, кој се спроведува во рамките на заемната соработка на ILO (international labour organization), ITUC (International trade union confederation) и PERC (Pan european reagional council), започнат во 2008 година, со цел да постигне неколку различни цели:
Градење на капацитети базирани на концепти за родова рамноправност,
Спроведување на тренинзи за мажи и жени на влијанието на ридовата застапеност во делот на колективнот договарање,
Развој и објавување на образовни прирачници за Родовата рамноправност и спроведување на тренинг сесии за тренери врз нивна база, се одржа тридневниот субрегионален тренинг на тренери на тема Дискриминација на работното место за претставници на ITUC-PERC за CEE и NIS -женските мрежи во југоисточниот под-регион на Европа, во Подгорица (Црна Гора) од 24-26 Септември. Тренери беа Јасна А. Петровиќ-директор на проектот од Хрватска и Agnieszka Ghinararu- експерт на проектот од Романија (родум од Полска), и помошници тренери Добрила Иличиќ (од Србија) и Роса Поповиќ (од Црна Гора). Тренинг семинарот беше спроведен на Црногорски, Англиски и Албански јазик. Прирачникот чии автори се наведените Тренери беше достапен на Англиски и Хрватски јазик.
Беа присутни учесници на семинарот од Црна Гора, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Р. Македонија. Според програмата на почетокот на присутните им се обрати претставник на Сојузот на синдикати на Црна Гора, кој се извини во името на Генералниот секретар на оваа организација г-динот Веселин Вујановиќ, кој поради работни обврски на присутните им се обрати вториот работен ден.Тој го изрази своето нескриено задоволство што токму неговата земја е одбрана како домаќин на дел од програмските активности на овој проект.


Обраќањето на г-дин Веселин Вујановиќ
Генерален секретар на ССЦГ

На овој семинар како активни учесници беа поканети претставници на Унијата на независни и автономни синдикати на Република Македонија(УНАСМ) како единствени од Р.М. членки на ITUC.

Претставници на Унија на Независни и Автономни Синдикати на Македонија

No comments:

Post a Comment

УНИЈА НА НЕЗАВИСНИ И АВТОНОМНИ СИНДИКАТИ НА МАКЕДОНИЈА

ONLINE калкулатор

АНКЕТА: Колку синдикати има во Македонија?

АНКЕТА:Дали сте член на синдикат?

Архива на статии

ONLINE посетители

Вкупно посетители

Website counter
HTML код на: Incorp-K Design Delcevo

Новости

Овој текст на ова место го поставил администраторот на овој сајт како проба на кодот на овој модул.Овој текст на ова место го поставил администраторот на овој сајт како проба на кодот на овој модул.Овој текст на ова место го поставил администраторот на овој сајт како проба на кодот на овој модул.Овој текст на ова место го поставил администраторот на овој сајт како проба на кодот на овој модул

УНАСМ информатор

Овој текст на ова место го поставил администраторот на овој сајт како проба на кодот на овој модул.
Овој текст на ова место го поставил администраторот на овој сајт како проба на кодот на овој модул.

Incorp-K Delcevo HTML кодови

Линкови

Овој JavaScripts код е креиран
од INCORP-K Delcevo